На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и седум мерки за возење без возачка дозвола и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.