Казнети 196 возачи за брзо возење во Македонија

Полициските контроли во територијата на Македонија продолжуваат со засилено темпо. Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи.

Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Претходна вестЗагрижувачко: Многу пратеници не му ја мислеа многу за македонската енергетика
Следна вестСенатот на САД не го изгласа предлог-законот за помош на Украина и Израел