Казнети 198 возачи во Скопје, 57 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесате за посигурни патишта.

Претходна вестАлександра Лакрабер стави крај на својата богата кариера
Следна вестВо Скопје ќе биде поставена канта за отпадоци што зборува и опоменува