Казнети 218 возачи, двајца не користеле сигурносен појас

На територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки меѓу кои и две санкции за некористење на сигурносен појас, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Инаку, некористењето на сигурносен појас е честа појава меѓу скопските возачи. Оттаму, ваквиот број на казнети возачи поради овој сообраќаен пркершок повлекува прашање дали граѓаните станале подисциплинирани или полицијата била блага во санкционирањето?

Инаку, за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола и 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

– Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестЦУК: Спасен е риболовец кој бил во опасна живозагрозувачка ситуација на брегот на акумулацијата „Козјак“
Следна вестКостадиновска-Стојчевска: Охридските угостители на гостите да не им наплаќаат како да наплатуваат воена отштета