Во рамки на акциските контроли од областа на сообраќајот полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 246 мерки, соопшти МВР за вчерашните контроли.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, како и 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во информацијата.
Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.