Дури 51 моторџија вчера бил казнет поради тоа што возел без возачка дозвола од вкупно 282 санкционирани моторџии во контролата која полицијата ја направи во Македонија.
Освен овие изречени се и други прекршочни казни.
-Од нив, 169 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти денеска МВР.