Полицијата вчера казнила 283 возачи во Скопје, од кои 104 за брзо возење.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 283 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 104 возачи, а 16 возачи се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила
Казнети се и шест мотоцикли, изречени се 66 мерки за непрописно паркирање, 55 возила се подигнати со пајак, а изречени се 40 казни за неносење на заштитна маска.
МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.