Во сообраќјни контроли на територија на град Скопје спроведени вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје, казнети биле 296 возачи, од кои 77 поради возење со брзина поголема од дозволената.
– Изречени се 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол, 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 21 санкција за некористење сигурносен појас, 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.