Казнети 345 возачи во Скопје, 173 од нив возеле пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 345 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 173 санкции, а 13 мерки се за возење без возачка дозвола, информираат од МВР. Шест санкции за користење мобилен телефон при возење, 27 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за управување под дејство на алкохол…

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестМВР: Нема обид за киднапирање во Карбинци, случајот е расчистен
Следна вест„Дејли Мејл“: „Зошто никој не зборува за ова место?“ Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа