Казнети 348 возачи, 31 немал дозвола, 26 зборувале на телефон…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

-За возење повеќе од дозволената брзина имало 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

 

 

Претходна вест„Кажи не на дрогата, да на животот”, ,,Стави појас”…превентивни активности на МВР
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Секс скандалот во АРМ покажа колкав е распадот на системот во Македонија