Казнети 409 возачи во Скопје, 156 возеле пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 156 санкции, информираат од МВР. 29 мерки биле изречени за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 25 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не
Следна вестГрад Белград им дава до 109 илјади динари на семејствата кои имаат тројки, четворки, петорки и двојни близнаци