На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци и 66 мерки за технички неисправни возила, соопшти денеска МВР.
-Освен ова, имаше и 41 санкција за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.
МВР предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
–Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се потенцира во апелот.