Казнети 509 возачи во Скопје, 66 возеле неисправни возила

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци и 66 мерки за технички неисправни возила, соопшти денеска МВР.

-Освен ова,  имаше и 41 санкција за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.

МВР предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се потенцира во апелот.

Претходна вестВо септември нови 2.239 лица останале без работа, од почетокoт на кризата вкупно 14.818  
Следна вестЛевица: За бизнисите на Заеви и Русија е алтернатива