Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изречe 198 казни. За возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.