Казнети 913 возачи, 67 возеле и над 50 километри повеќе од дозволеното

На територијата на Македонија вчера поради пребрзото возење казнети се вкупно 913 лица, соопшти денеска МВР.

-Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место, се наведува во соопштението.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 184 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, десет мерки за возач почетник.

-Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, информира полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОблачно и врнежливо, температура до 15 степени
Следна вестУкраина собира докази за воени злосторства кај Буча, Москва вели дека снимките се „нарачка“ од САД и НАТО