Вкупно 916 возачи вчера биле казнети поради пребрзо возење од страна на полицијата на разни сообраќајници во Македонија. Сетоа тоа се случоло во текот на контролите на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата.
-Од нив, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, се наведува во соопштението.
Бројките загрижуваат. Премногу брзо, што предизвикува опасност, се вози по македонските патишта.
Од МВР уверуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.