Во текот на изминатиот ден казнети се над 150 возачи на територијата на Град Скопје. Најголемиот број од нив биле казнети за брзо возење.
– Во текот на вчерашниот ден во контролите извршени во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 151 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење и четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Од МВР велат дека Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.