Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, соопшти денеска МВР.
Во информацијата се наведува дека имало и осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.
-Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска, наведува МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.