Темен режим Режим на светлина

Казни за 28 возачи кои возеле без дозвола, 13 имале неисправни возила

Само на територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 244 мерки, соопшти денеска МВР.

-Од нив, 24 се за управување со брзина поголема од дозволената, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло), се наведува во информацијата.

МВР предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Препорака на др. Вело Марковски: Пред вакцинирањето мора да се провери нивото на антитела

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Доведени сме во ситуација да молиме некого за вакцини, наместо да набавиме како Србија и Албанија