На територија на град Скопје изречени се вкупно 80 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и седум мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло.
-Изречени се и три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за користење на мобилен телефон… , соопшти полицијата.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупреди МВР.