Ќе го натера ли интерпелацијата Никола Димитров да се појави конечно пред пратениците?

Македонскиот парламент денеска треба да го одржи продолжението на 30-тата седница на која меѓу точките на дневен ред е и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Интерпелацијата, на 18 декември минатата година, ја поднесе опозициската Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако Димитров неколку пати ги одби поканите на собраниската Комисија за надворешна политика каде требаше да ги образложи владините политики во спорот со Бугарија. Освет ова, опозицијата го обвинува и дека манипулирал со изјавите дека споровите со соседите се решени и дека е добиен датум за преговорите со ЕУ.

-И покрај уставната обврска (член 92) каде е наведено дека секој член на владата за својата работа одговара пред Собранието, како и европската демократска пракса дека секој член на владата има обврска да се одзве на поканата на работните тела на Собранието и да размени мислење, да одговори на прашања или да реферира за својата работа, вицепремиерот Никола Димитров два пати ги одби уредните покани за присуство на Комисијата за надворешна политика, а во врска со темата македонско-бугарски односи и нивниот контекст за европските интеграции, изјави тогаш пратеникот Антонио Милишоски.

Димитров тогаш се правдаше дека не дошол на седниците на Комисијата за да не го загрози здравјето во ситуација со пандемијата на корона вирус. Оттогаш до сега, епидемиолошката состојба не е многу сменета и сега останува да се види дали Димитров сепак ќе реши да дојде во парламент.

Претходна вестИ пешаците ја претераа
Следна вестМакедонија повторно оценета како „хибриден режим“ од „Екониомист“