Се подготвуваат-предлагаат нови мерки против пандемијата во Македонија. Имено, главниот координативен кризен штаб донел одлука за зголемување на полицискиот час, кој наместо од 22 часот би почнувал од 20 часот, а станало збор и за затворање или дополнително ограничување на работата на угостителските објекти, дознава „Макфакс“.
Инаку, за денеска во 13 часот е закажана итна владина седница за воведување на новите рестриктивни мерки. Што од предложеното ќе биде прифатено од Владата ќе се дознае веднаш по седницата.