Не стувнуваат негативните реакции на донесениот Закон за легализација на дивоградбите. Голем дел од граѓаните и невладиниот сектор не прифаќа постојано да се дава можност дивоградбитер да се легализираат.
-Ние што градевме по закон и плаќавме комуналии и даноци, секогаш излегуваме изиграни и оштетени. До кога вака?, е најчестиот коментар на социјалните мрежи.
Сега е на потег шефот на државата Стево Пендаровски кон кого се упатија бројни барања да не го потпише Указот за прогласување на овој закон кој си го донесоа власта и најголемата опозициска партија. Да, факт е дека здружените пратеници од власта и од опозицијата можат пак да го донесат законот по што Пендаровски ќе биде должен да го потпише, но сепак се бара Претседателот да им го врати законот на оние кои го донесоа.
Значи, судбината во законот и на прашањето дали во сферата на урбанизмот во Македонија ќе владеат принципите на правото и на доброто планирање е во рацете на најголемите политички партии.
А колку тие се загружени за редот во урбанизмот се виде од предложениот закон. Предложија легализација на дивоградбите практично насекаде… а знаеме дека дивоградби има и во национални паркови, и во заштитени зони… Штетата која таквите објекти ја направиле по средината, со оневозможувањето да се носат хумани ДУП-ови… никој не ја пресметува. Исто како што надлежните не водеа сметка за владеењето на правото, за девалвирањето на оние граѓани кои ги почитувале законите, плаќале комуналии, почитувале ДУП-овите..
Поради сето ова не зачудуваат реакциите кои деновиве се испраќаат од страна на граѓаните против ваква донесениот закон од партиите кои, извесно, повеќе воделе сметка за своите изборни кампањи отколку за доброто на државата и на граѓаните.
–Прво што ми текна беа дивоградбите на Матка, а потоа си реков уште колку ли објекти се изградени во заштитените зони? Па да јас или некој друг обичен граѓанин не гради и не може да гради на такво место. Значи законот е донесен само за нив оние кои долги години краделе и не почитувале закони, напиша едне граѓанин потпишан како Тони на социјалните мрежи.
Друг граѓанин Панче ја поздрави граѓанската петиција против овој закон:
–Редно е да се стави крај на партиските изложби. Некој со години работел, се мачел за да стекне и изгради нешто правно, а други да си градат каде ке стигнат. Зарем оваа е демократија. Пу јзк, објави тој.
Граѓанинот Благој е револтиран оти се дозволи легализација насекаде.
–И најстрашно од се, законот дозволува легализација во национелен парк ????
Со коментар на социјални мрежи се јави дури и директорката на Државниот инспекорат за животна средина Ана Петровска.
– Уште едно погребување на правната држава. Дивоградби и диви депонии, исфрлање отпад и фекалии во реките… Грда слика за едно општество заглавено во вечна транзиција. Можеме ли да се справиме и конечно да ги менуваме состојбите?, порака таа на Фејсбук-страницата на О2 Иницијатива.
Јавноста, граѓаните, очигледно се револтирани од она што е предложено и што се навестува како ново легализирање на сите дивоградбите а по кое сигирно ќе следуваат нови и нови легализации. А со тоа донесувањето на Генералните, на урбанистичките, на просторните планови ќе се направи целосно непотребно и се ќе с епрепусти на хаосот и на самоволието на оние кои имаат пари и моќ да градат каде што ќе поскааат.