Ќе ја смират „Адвокатската улица“ – станува еднонасочна

Улицата „Св.Климент Охридски“ во скопската општина Центар, попозната како „Адвокатска улица“ во иднина ќе биде еднонасочна, соопшти општина Центар.

Во текот на денешниот ден, Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје ќе започнат со теренски активности за поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим.

-Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот во овој дел на територијата на Општина Центар, еднонасочниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен во правец на движење од страна на бул. „Крсте Петков Мисирков“ кон ул. „Филип Втори Македонски“.

Овие теренски активности се изведуваат во согласност со Проектот за смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста – зона ООУ „Св. Кирил и Медотиј“ во Општина Центар, каде што минатата година беше поставена мерка за смирување на сообраќајот, односно, подигнато пешачко плато пред општинското основно училиште.

Претходна вестДебатата во Собранието е на ниско ниво, кои пратеници дебатираат, а кои само гласаат?
Следна вестСи купил „бе-ем-ве“ со фалсификувани евра, а сопственикот на возилото видел какви се парите и ги трошел