Ќе мораат ли учениците и следното полугодие да носат маски цело време додека се во училиште? Ова прашање се почесто се поставува од страна на родители, а се поупорно се избегнува да се одговори од страна на здравствените власти во Македонија.
– Дете од 8-9 години да е половина ден со маска е навистина тешко. Имам ќерка во 4-то оделение која се почесно се буни и не сака да оди на училиште заради маската. И пречи во дишењето и плус и ги замаглува наочарите…, е една од многуте реакции на родители на социјалните мрежи.
Поради вакви, но и други причини од типот – како може во кафана да си без маска, а во школо со маска – многу родители пред два дена одржаа и протест во Скопје, но и во други градови низ Македонија. Иницијативата, за протест и барање маските да не се задолжителни за неколку дена доби повеќе од 9.000 поддржувачи на Фејсбук и Твитер.
На протестите присутните родители истакнаа дека бараат употребата на маските од задолжителна, да стане избор на родителите и децата. Беше наведено дека сегашната мерка е и контрапродуктивна за здравјето на децата.
Инаку, се почесто и доктори опоменуваат за штетните последици од долготрајното носење маски за децата.
Ги слушнаа ли надлежните власти сите овие работи? Ќе носат ли задолжитело сите деца маски во училиште од следното полугодие?