Во Бардовци забрзано се гради Центар за прифаќање на странци. Дали бегалската криза во Авганистан и најавите на Владата за прием на Авганистанци е причината за ова?
Жителите на Бардовци се исплашени и разочарани од институциите, кои без да ги прашаат им натурија ваков Центар. Најпрвин ги убедуваа дека нема план за изградба на прифатилиштето, па потоа дека сепак ќе се гради, ама од затворен
тип и на максимум 200 квадрата. Сега, на виделина излезе нешто сосема друго: ќе има десетина објекти во кои ќе можат да бидат сместени околу 2.000-3.000 лица и ќе биде од отворен тип.
Сето ова предизвика револт кај граѓаните од оваа скопска населба.
Стравот кај нив е зголемен по најавите дека во нашата земја ќе доаѓаат стотици, а можеби и над илјада, бегалци од Авганистан. Поради тоа тие и протестираат со блокирање на сообраќајниците.
– Загрозени сме, не се чувствуваме безбедно. Кој може да се чувствува безбедно во ситуација кога две – три илјади странци ќе бидат во близина на наши куќи и дворови. Па само 200 метри ги делат последните куќи во Бардовци, а од центарот на населбата оддалеченоста е само 500 метри. Никој нас не не консултира. Кој ни гарантира дека меѓу тие странци, кои слободно ќе излегуваат ќе нема луѓе со лоша намера, уфрлени да направат нешто лошо? Центарот мора да се дислоцира, да се гради подалеку, каде што нема куќи. Во ова подрачје доста проблеми се има со мигрантите кои одат кон Србија, не ни треба уште ова, ни вели Ненад Страдал, жител на Бардовци.
Граѓаните, досега, повеќе пати ја блокирале прометната сообраќајница каква што е улицата „Скупи” за да
укажат на проблемот. Оштина Карпош пред три години ги убедувала дека нема планови за градба.
– Целосно ги демантираме информациите што се пласираа на социјалните мрежи дека ваков при фатен ќе се гради во Бардовци. Прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на било кој друг дел од Карпош,
соопшти Општината во јуни 2018 година.
Работите што започнаа на 10 мај се финасираат со 1,47 милиони евра од ЕУ, а изведувач е градежната компанија „Брегу” од Албанија.
– Ваков Центар е неопоходен бидејќи постоечкиот во Гази Баба не ги исполнува основните услови. Овде ќе се сместуваат странски државјани кои во рок од 24 часа треба да ја напуштат државата. Таму се сместуваат до дека трае постапката. Ова градба не е поврзана со сместувањето на мигранти, ниту со лицата кои сега ќе дојдат од Авганистан,
изјави министерот Оливер Спасовски.
Но, ова не ги смируваат граѓаните, затоа што и претходно биле излажани од институциите. Тие се категорични дека објектите треба да се градат подалеку со цел да бидат сигурни.
– Центарот треба да се гради после Стенковец, кон Табановце, каде што нема население и да биде 6-7
километри од последното населено место. Ни зборуваа дека тука ќе бидат лица кои ќе заминуваат, а сега испаднаа и до 3.000 лица. Тоа е премногу, потенцира Владимир Бајлозов.
И покрај протестите, изградбата на Центарот интензивно продолжува. Бардовчани, но и жителите од околните населби – Волково, Кучково, Кисела Јаболка, Ново Село, Даме Груев се огорчени. Но тоа, надлежните, очигледно не ги
загрижува!