Ќе стане ли етничкото лицитирање со бројките главна методологија на пописот?

За што ќе служи претстојниот попис на населението? За да се изврши реално и објективно попишување на населението во Македонија или да се задоволат нечии проценки околу тоа колку проценти има некоја етничка група?

Прашањата мора да се постави уште сега додека донесениот закон се уште не е потпишан од шефот на државата и се уште не е стапен во сила. Причини има веќе доволно.

Веќе во два наврата од страна на албанските политички првенци доаѓаат ставови со кои се поставуваат категорични услови околу тоа дали пописот ќе биде прифатен од нивна страна. Прво поранешниот министер, а сега пратеник на ДУИ Арбр Адеми изјави дека нема да го признае пописот ако Албанците бидат застапени со помалку од 20 проценти, а вчера и партискиот лидер Али Ахмети беше категоричен дека „Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година“.

Што ова значи? Тоа ли дека реалното и објективното пребројување какво што ни е неопходно не смее да даде поинакви резулатати. Односно, тоа дека она силно иселување од земјава какво што ни се случува во сите овие години не оставило никакви последици по бројките во Македонија? Само Светска банка преклани процени дека досега од земјава се иселени околу 500.000 граѓани. Тоа е бројката која неминовно ќе има одраз на процентите сакал тоа некој или не.

Ваквите изјави само ја нарушуваат атмосферата и довербата во пописот. Доволни беа и досегашни меѓусебни обвинувањата меѓу двете најголеми македонски партии, а со кои доволно се наруши довербата во пописот. За да се врати таа потребно е уште да се работи и договара и затоа е важно каква одлука сега ќе донесе шефот на државата кој повикуваше на компромис околу начинот на кој ќе се изврши и ќе се прифатата резултатите на пописот. Вака излегува дека лицитирањето со бројките и процентите ќе стане главна методологија за вршење на пописот.

Претходна вестНападнати четири лица во Аеродром поради сообраќајка
Следна вестОд денеска на скопскиот аеродром ќе се прават брзи антиген тестови