Ќе воведе ли Владата полициски час од четврток вечер до понеделник за Скопје, Куманово, Штип…?

Комисијата за заразни болести ќе достави до Владата предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен викенд.

-Комисијата предлага полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, пренесува Макфакс.

Во сите останати градови, Комисијата предлага полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.

Се очекува за овој предлог вечерва да расправа македонската влада. На социјалните мрежи веќе има лавина од незадоволство на скопјани од самиот предлог бидејќи како што потенцираат – карантин треба да има само за определени општини каде има повеќе заразени лица, а не за целиот град.

Претходна вестИ со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во Македонија
Следна вестАвтомобил удри во метален столб во Капиштец, дел од населбата неколку часа немаше струја