Рускиот претседател Владимир Путин денес го пречека корејскиот претседател Ким Џонг Ун на космодромот Восточни на далечниот исток на Русија. Во воведните изјави при средбата со Ким, Путин му изразил добредојде на севернокорејскиот лидер.
Путин навел дека на дневен ред на разговорите ќе биде економска соработка, хуманитарни прашања и ситуацијата во регионот.
Од официјален Кремаљ велат дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг не треба да ги загрижуваат другите земји, бидејќи тие не се насочени против никого.
– Сите други прашања се однесуваат само на нашите две суверени земји и не треба да бидат грижа на трети земји, бидејќи нашата соработка е во корист на народот на нашите две земји, а не против никого. Северна Кореја е наш близок сосед. И покрај какви било коментари или извици однадвор, односите со соседите ќе ги градиме на начин што е корисен за нас и за нашите соседи, изјави потпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков за телевизијата „Русија 1“ коментирајчи ја средбата.
Тој додаде дека Русија ја задржува својата позиција во ОН кога се во прашање санкциите против Северна Кореја, но тоа не може, не треба и нема да биде пречка за развојот на руско-севернокорејските односи.
Посочи дека градењето односи меѓу Русија и Северна Кореја се однесува и на чувствителните области, вклучително и војската.
Од друга страна севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска на рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека неговата земја ѝ пружа „целосна и безусловна поддршка на Русија во нејзината света борба во одбрана на своите безбедносни интереси“ и дека Пјонгјанг секогаш ќе биде покрај Москва на антиимперијалистичкиот фронт.
Ким рекол дека за Северна Кореја односите со Русија се прв приоритет.