Кина промовира нови механизми за зајакнување на пријателството со Русија

Западните земји вече неколку години се загрижени од се поголемото зближување на двете источни суперсили Кина и Русија. Сега имаат дополнителна причина за загриженост. Имено, официјален Пекинг посочи дека Кина е подготвена да работи со Русија за промовирање на нови механизми за соработка и зајакнување на пријателството. Ова го изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

– Кина и Русија создадоа нов модел на односи меѓу големите земји, кој е сосема различен од застарениот пристап на ерата на Студената војна, заснован на принципите на неврзување, неконфронтација и нетаргетирање против трети земји, посочи Ванг.

Тој потенцира дека Пекинг ќе продолжи да работи за мир и стабилност во светот.

– Соочена со нестабилна и сложена меѓународна средина, Кина решително ќе биде сила за мир, стабилност и напредок во светот, наведе Ванг.

Тој се осврна и на односите на Кина со САД, посочувајќи дека остануваат тензиите помеѓу двете најголеми економии во светот.

– САД ја обвинуваат Кина под каков било изговор. Постојано се обновуваат средствата за притисок врз Кина, а списокот на еднострани санкции постојано се проширува. САД продолжуваат да имаат погрешна слика за Кина и допрва треба да ги исполнат своите ветувања и покрај напредокот постигнат од средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Си Џинпинг во ноември минатата година, истакна Ванг.

Ванг го спомена и БРИКС.

-Во поширока смисла, проширувањето на БРИКС е манифестација на подемот на глобалниот југ и забрзаниот развој на мултиполарноста во светот. Тоа суштински ја менува картата на светската економија, наведе Ванг.

Инаку, Кина и Русија објавија „безгранично“ партнерство во февруари 2022 година, кога рускиот претседател Владимир Путин го посети Пекинг.

 

Претходна вестНа Задушница ќе сообраќаат зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел
Следна вестФараоните и по 3.000 години ни покажуваат дел од своето скриено богатство