„Кино на трева“ продолжува и овој викенд во дворот на Младинскиот културен центар, на 17 и 18 јули.
Вечерва со почеток во 21 се прикажува филмот, историската романтична драма „Portrait of a lady on fire“ на Селин Скиама.
Утре, на 18 во истото време ќе биде проектиран филмот „Everybody Knows“ на Асгар Фархади, кој изминатата деценија се етаблираше како еден од највлијателните и меѓународно признаени режисери на Иран. Ова е неговиот последен филм од 2018 година, крими мистериозна драма со Хавиер Бардем, Пенелоп Круз и Рикардо Дарин.
Влезот во паркот на МКЦ е бесплатен, со ограничени број билети што можат да се набават тука и под посебни протоколи.