Од вечерва „Современа култура“ ве очекува во Галеријата во ГТЦ

„Современа култура“ е насловот на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) во рамки на манифестацијата Скопско културно лето што ќе биде отворена вечерва во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, во ГТЦ Скопје.

Изложбата ќе трае до 30 јули. Поставката поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до петок од 11 – 18 часот и во сабота од 10 – 15 часот. Галеријата е лоцирана во ГТЦ 2 кат локал 306, Скопје.

Претходна вестСтанува ли Матка небезбедна, иако е светски позната туристичка атракција?
Следна вестДИК експресно ги отфрли сите приговори за изборите