Кире Лазаров испиша историја во ЛШ

Кире Лазаров пак соборува рекорди. Си го бива. Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашиот најдобар ракометар. Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва тој постави уште еден рекорд. Имено, капитенот и селектор на македонската репрезентација Лазаров вечерва го запиша јубилејниот 250. настап во елитната Лига на шампиони и се искачи на прво место на вечната листа.

Лазаров покрај големиот историски успех на тренерското деби против Данска, оваа година ќе ја памети и по неверојатниот триумф со неговиот Нант против Кјелце во 1/8 финале на Лига на шампиони.
Полскиот гигант го доби првиот меч во Франција 24-25, а вчера среде Полска Нант направи сензација и славеше 31-34 со што влезе во четвртфиналето. Нашиот најдобар ракометар на сите времиња постигна 4 гола и имаше огромен удел во финишот кога се кршеше резултатот со вкупно пет асистенции за гол и еден изборен пенал.

Инаку, Кире вечерва го мина нам добро познатиот ( а едно време и вардаровец) Арпад Штербик на вечната листа ракометари со најмногу настапи во Лига на шампиони.
На ова би требало да додадеме дека Кире ќе игра уште најмалку два меча во Лига на шампиони сезонава што значи дека ќе стигне најмалку до неверојатни 252 настапи во елитата.
Кире е апсолутен рекорден и по бројот на одиграни сезони, вкупно 20 во Лига на шампиони. Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ има 19 сезони во најдоброто друштво.
Лазаров е број еден и на листата на стрелци во Лига на шампиони со 1.467 гола!

Браво!

Претходна вестЗаев: До крајот на април треба да стасаат вкупно 300.000 вакцини
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов планира 175 нови партиски вработувања во изборна година