Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со здруженијата на деца со церебрална парализа, приружувани од ученици од неколку училишта, денес заеднички го одбележаа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. На овој, симболично насловен, марш за видливост низ улиците на општината тие поделија летоци со пораки, а потоа децата со посебни потреби од Општина Кисела Вода добија ваучери за физиотерапевтски масажи, вежби и диететски план од општествено одговорната компанија “Healthy center Taft therapy”.

Во населбата Расадник, од минатата година за нив функционира специјализиран клуб во кој тие се дружат и социјализираат, а истиот е финансиран од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски.

-Денес сум дел од Маршот за видливост на лицата со церебрална парализа чии ден се одбележува во светски рамки. Инклузивно, како што тоа го правиме при организацијата на сите наши настани, на децата со церебрална парализа им се приклучија и ученици од неколку наши училишта кои помогнаа во пренесувањето на пораката за потребата од подобрување на нивните права. Покрај овој марш низ улиците на општина Кисела Вода, на овие деца, како и на повеќе лица од социјален ризик, им обезбедивме ваучери за физиотерапевтски масажи, вежби и план за исхрана од стручни лица од компанијата “Healthy center Taft therapy”, на која искрено сакам да и се заблагодарам за покажаната општествена одговорност.

Денешниот Светски ден на лицата со церебрална парализа е само уште еден повод за да се сретнеме и да си го разубавиме секојдневието, бидејќи нашите дружби се доста чести. Следејќи ги нивните потреби, од минатата година им отворивме клуб, како соодветен простор за игра и дружба, кој целосно е финансиран од мене и мојот тим. Внимаваме на нивната социјализација, на нивната инклузија, бидејќи и како човек и како градоначалник силно верувам дека сите во општеството заслужуваат еднаква шанса-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претходна вестУдрил во ограда па избегал оставајќи го тешко повредениот сопатник
Следна вестСемејството на Албанка од Македонија било против нејзиниот брак со загрепчанец, ја киднапирале од куќата на нејзиниот вереник