Ќе не обединуваат за да им ракоплескаме или за заедно да кроиме ставови по важни прашања?

Не може претседател на држава да тера по свое или како ќе му кажат странците, а да бара обединување на граѓаните околу одлука што ќе ја донесе. Тој треба прво обединето со другите да ги носи важните одлуки, па потоа врз нивното реализирање да се направи обединување на граѓаните, ни вели скопјанецот Васил

Седуммината претседателски кандидати засилено тераат кампања низ Македонија. Ветувањата се различни, но имаат и нешто заедничко во настапите како потенцијални претседатели на државата – дека ќе работат на обединување на граѓаните, дека ќе делуваат како претседател на сите граѓани. Ветуваат дека ќе водат сметка за ставовите, интересите и потребите на сите граѓани.

Последниве години такви повици за обединување од досегашите премиери и од шефот на државата – без чести. Таквите повици зачестија посебно во периодот кога се носеше Преспанскиот договор со Грција, кога се правеа наметнати уставни промени и се менуваше името на државата, кога власта се откажуваше од дел од историјата, кога се склучуваше Договор за добрососедство и пријателство со Бугарија, кога почнаа бугарските ултиматуми и вето за нашите преговори за членство во ЕУ…

А, причини за таквите повици беше фактот што таквите одлуки и договори предизвикаа големи поделби во македонското општество, откако претходно беа носени без да се консултира опозицијата, а се игнорираше и референдумот и бројните анкети со граѓаните. Едноставно, се доаѓаше практично до ситуација во која актуелното државно раководство повикува на единство откако веќе ги донело одлуките кои го поделија македонското општество. Како да се бараше од граѓаните кои мислат поинаку од државниот врв да им ги аминуваат одлуките во име на „обединувањето“.

Затоа сега се поставува прашањето: Што претседателските кандидати подразбираат под обединување на граѓаните кое така често го споменуваат? Дали тоа значи задржување на досегашната пракса со која важните одлуки ќе го носи тесното раководство, поддржано од помал дел од граѓаните, или, пак, навистина ќе се води сметка прво за она што го мисли и бара најголемиот дел од граѓаните и ќе се постигнуваат заеднички ставови кои ќе ги вклучат интересите на сите?

-Не може претседател на држава да тера по свое или како ќе му кажат странците, а да бара обединување на граѓаните околу одлука што ќе ја донесе. Тој треба прво обединето со другите да ги носи важните одлуки, па потоа врз нивното реализирање да се направи обединување на граѓаните, ни вели скопјанецот Васил.  

Пред Македонија и нејзините граѓани стојат уште многу важни одлуки. Ќе внимава ли новиот шеф на државата околу тоа како ќе се носат одлуките и дали ќе се успее да се постигне толку потребното обединување?

Мене ми е важно да знам како претседателските кандидати планираат да ги обединат граѓаните во услови кога меѓу нив има толку големи разлики. Поделбите се големи и не смеат уште да се продлабочуваат. Мора да се најде начин тие да се надминат и да се прават заеднички договори за најважните државни прашања. Не може само едни да решаваат за се, смета Марко Д. од скопската општина Кисела Вода.

Досегашното искуство во македонското општество, а и искуствата од другите општества, укажуваат дека обединувањето околу клучните цели не е можно ако притоа се игнорира мислењето на мнозинскиот дел од граѓаните. Не може да се упатуваат повици за обединување, а претходно веќе да е донесена одлука во тесен круг на раководството и за која не се информира ниту, пак, се консултира опозицијата. Мислењето на мнозинскиот дел од граѓаните мора да биде основа врз која ќе се гради потребното обединување и кое во себе треба да го вклучува и мислењето на малцинството. На таков начин, преку отворен дијалог, ќе се дојде до заеднички решенија и ставови кои ќе ги одразуваат интересите на сите категории на граѓани и ќе се додје до стабилни решенија со кои нема да се зголемуваат поделбите во македонското општество. Кој од претседателските кандидати го може ова, ќе кажат граѓаните.

Сепак, во кампањата се прават поделби

Уште пред офоцојалниот дел на кампањата СДСМ побрза да каже дека „на овие избори ќе се врши изборот меѓу Исток и Запад“, а тоа води кон нови поделби во општеството. Како да намерно се заборава дека сите анкети покажуваат – мнозинството од граѓаните во Македонија сакаат зачленување во ЕУ. Разлики, колку што може да се види има само околу тоа, дали да се стане член на Унијата клечејќи и прифакајки секакви ултиматуми или да се отвори вратата на Брисел со повеќе достоинство и по правила како за сите други земји членки. Други пак прават поделби на „патриоти“ и „предавници“, трети повеќе зборуваат за некаквни етнички придобивки отколку за придобивки на сите граѓани во Македонија…

Секако, на крајот од таквите говори се кажува – ајде да се обединиме… 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже што договараше со Артан, Али и Ковачевски во вила Водно?
Следна вестГеоргиева го задржа директорското место на ММФ