Ќе ни недостигаат ли? Последна собраниска седница за овој парламентарен состав

Македонските пратеници денеска ќе ја започнат последната пленарна седница на овој собраниски состав. Доаѓа време народните избраници да се разделат од удобните собраниски фотелји. Завршува нивниот мандат. Им завршува и една од најскапо платените работи во Македонија – стискањето на копчињата за гласање.

Ќе ни недостигаат ли нивните седници, расправи и решенија?

Одговорот ќе го даде народот на изборите.

Но, пред тоа пратениците, особено оние од мнозинството треба да дадат отчет што сработија.

Нека објаснат – која придобивка ја виде Македонија од нивотото работење?

Не е лошо да кажат барем на крајот од мандатот чие мислење им беше поважно кога гласаат – на партискиот лидер, она на странците или на мислењето на народот кој ги изгласа? Не е лошо и да наведат некој пример кога мнозинството сериозно ја има „здрвено“ Владата по било кое прашање?

Инаку, Собранието денеска ќе го има предложениот дневен ред за 149. седница каде има тринаесет точки. По оваа седница закажани се и продолженија на 131., 135., 138., 145. и 103. седница.

Потоа – ќе падне песната: „Цреша се од корен корнеше, пратеник се од Собрание делеше“.

Претходна вестВанковска го кажа својот став за Преспанскиот договор и договорот со Бугарија
Следна вестЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие, 1.853 повици на 112