Ќе попушти ли СДСМ пред аргументите на ДУИ околу Контролата за летови?

Огромниот скандал околу упадот на насилници во македонската Контрола за летови треба денеска да биде точка на дневен ред во Владата. Инаку, требаше по скандалот (кој е опасен преседан) да се постапи веднаш, но еве и денеска јавноста чека што ќе направат министрите сосе премиерот.

Владата треба како што беше најавено да донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и сите членови на Управниот одбор, како и ревизија за досегашното работење.

Ова следува откако минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

По упадот и насилството кој ја вџаши македонската јавност, но и меѓународните институции за контрола на летовите – премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за решение на постоечката ситуација ќе предложи и донесе неколку одлуки: „целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени и да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес“, објави владината прес-служба.

Ќе го направи ли Владата најавеното од премиерот? Што ќе кажат министрите од ДУИ чиј сопартиец е ороводец на нападот? Ќе попушти ли повторно СДСМ ако ДУИ реши да вади аргументи дека не треба разрешувања, дека не треба…?

Овие прашања се наметнуваат во јавноста. Одговорот ќе се добие денеска.

Инаку, јавноста веќе почна да се разочарува околу досегашните постапки на правосудните органи и нивните меѓусебни јавни преписки околу овој случај во институцијата која е многу важна за безбедноста на Македонија, но и институција во која се земаат огромни плати..

Претходна вестОд 132 казнети возачи во Скопје само 35 не возеле пребрзо
Следна вестУбаво: Симон Трпчески со „Македонисимо“ и во Монте Карло