Спроведени се сите неопходни увиди и анализи и наскоро ќе се изготви супервештачењето и предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци ќе биде вратен на понатамошно постапување. Ова е информацијата која Бирото за судски вештачења му ја испратил на Основниот кривичен суд Скопје кој претходно побарал вештачењето да биде завршено до 5 декември. Бирото наведува дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи.
-Бирото за судски вештачења до Основниот кривичен суд Скопје достави известување во однос на супервештачењето за предметот со К.бр. 1407/09 поврзан со сообраќајната несреќа кај село Ласкраци во кое наведуваат дека: „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.
Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило, побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.
Надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот.
-До следната расправа насрочена за 20– ти декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Досегашното пролонгирање на супервештачењето е една од причините за долгото траење на судската постапка за овој случај. Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени.