Ќе се вратат ли туристите кои веќе биле во Македонија?

Конечно во Македонија се зголеми бројот на туристи. Имено, во јуни годинава низ земјава прошетале – престојувале вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1  отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 32,9 отсто.

Добри се ваквите вести. Бројките охрабруваат.

Но, сега се наметнува прашањето: што тие туристи видоа во Македонија? Природните убавини се прекрасни, но останатото – она што зависи од човекот, институциите…

Направено ли е доволно да се вратат пак оние странските туристи кои сега не посетиле?

Претходна вестПреку ограда фрлиле торби со марихуана од Македонија во Грција, уапсени двајца албански државјани
Следна вестПетровска до градоначлникот на Желино: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана