Бројот на вработени на Клиниката на нефологија кои се заразени со корона вирус се зголеми на 32, при што тројца се хоспитализирани, соопштија од Министерството за здравство.
На 27-ми минатиот месец од Министерството објавија дека девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари од оваа Клиника се позитивни на ковид-19, меѓу кои и директорката.
Вчера, Државниот здравствен и санитарен иунспекторат соопштија дека при извршениот надзор не утврдиле отстапки во однос на процедурите.