Клиника за детски болести: „Трикафта“ ќе им се дава и на други пациенти кога ќе се набави во поголем број

Клиниката за детски болести денеска соопшти дека терапијата „трикафта“ ќе се дава на поголем број на заболени од цистична фиброза тогаш кога лекот ќе биде набавен за поголем број на пациенти.

-Терапијата Кафтрио во комбинација со Kalsdeco (позната како Tricafta во САД) почна да се дава пред 1 месец кај 8 пациенти, а од вчера и кај уште 4 пациенти со цистична фиброза на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за пулмологија. Терапијата е индирана кај пациенти со цистична фиброза кои имаат 6 и повеќе години и барем една Ф508дел мутација во генотипот. Со обезбедување на терапија за поголем број пациенти неа ќе добијат и пациентите со умерена белодробна болест, сооошти в. д. директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојка Нацева-Фуштиќ во писмената изјава на Државната агенција МИА.

Асоцијацијата за цистична фиброза вчера најави протести по велигденските празници бидејќи набавката на овој лек не се одвива со потребната брзина и покрај поминати месец дена. Тие укажуваат дека терапијата треба да опфати и останати заболени чијашто здравствена состојба секојдневно се влошува. Лекот „Трикафта“ на почетокот на март стигна во земјава и веднаш го примија 12 пациенти од вкупно 140 во земјава.

Фуштиќ објаснува дека предност за терапијата со „трикафта“ имаат пациенти со полоша белодробна функција.

-Во услови кога не е обезбедена терапија со ‘кафтрио’ за сите пациенти со цистична фиброза кои ги исполнуваат критериумите за истата – околу 80, предност за терапија им даваме на пациентите со полоша белодробната функција изразена преку ФЕВ1 – форсиран експираторен волумен во првата секунда. Договорот за тоа кои пациенти ќе бидат вклучени, е помеѓу докторите од двете клиники, кои се одговорни за лекување на пациентите со цистична фиброза, се наведува во писмената изјава на Фуштиќ.

Претходна вестПолицијата во такси пронајде ќеси со 4.000 капсули трамадол
Следна вестДве скопјанки каснати од кучиња скитници