И по две недели, обвинителството се уште нема информација како и каде пребегал поранешниот вицепремиер Груби, но државниот обвинител Коцевски тврди дека “кртот’ кој ја проби истрагата за Државна лотарија не од обвинителството.
Во однос на соработката со МВР таа беше добра за тоа што неколку пати имаше средби меѓу ЈО кој го води предметот и полициските службеници од МВР, се даваа насоки, се укажуваше на одредени дејствија кои евентуално треба да се прибават така што се водеше предистражна постапка и во текот на таа предистрага ЈО даде наредба за мерката стоп, што значи дека во тој момент ЈО не можеше да даде друга евентуална наредба за построга мерка со оглед дека се уште беше во фаза на предистражна постапка.
Од страна на Финансиската полиција и од страна на МВР беа доставени две пријави со тоа што ЈО постапи по истите, оформи предмет и ги презема сите дејствија со тоа што даде наредба за претрес кај сите потенцијални осомничени и тој претрес се изврши меѓутоа во моментот на вршењето на претресот Груби не беше во државата. Иста е состојбата и кај другиот осомничен Перпарим Бајрами.
Коцевски вели дека се собираат докази и за второто дело на Груби, она за кое беше ставен на црната листа на САД – за влијание врз судии за да застари предмотот „Таргет Тврдина“. Сепак, државниот обвинител не гледа проблем што овој случај прво беше облеоденет до странска држава, а потоа од македонските истражни органи.
Од опозициската СДСМ пак, и понатаму со став дека одговорноста за бегството на Груби треба да се лоцира високо – кај министерот за внатрешни работи Тошковски.
Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи. Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.
Во меѓувреме, пак од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од идејата за коренити промени поради директната врска на поранешната власт со обвинителствотот и судството. Ние во периодот на претходното владеење на СДС и ДУИ видовме дека за изјави во медиуми или за одредени наводи кои протекуваа во јавноста повремено обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт и од таму добиваше нарачки Но, ваквите најави не го плашат обвинителот Коцевски. Изјавите што стигаат од власта на Мицкоски не ги чувствува како притисок. Вели работи чесно и законито, па не се исполнети условите за негова смена.
Борбата против корупцијата и владеењето на правото се клучни забелешки и на Европската унија.