Во вечерните часови на 30 јули во Кочани бил усапсен 70-годишниот А.Д., кој со огнено оружје тешко повредил свој сограѓанин поради расправија за наводнување на нива.
Полицијата претходно добила пријава од Итната медицинска помош од Кочани дека околу 19:00 часот, на местото викано „Горно Подлошко“, во атарот на кочанското село Тркање, по расправија околу наводнување на нива, 70-годишникот со пиштол пукал кон 49-годишен сограѓанин.
Повредениот во болницата објаснил дека бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат. Тој се здобил со тешки повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.
При апсењето, полицајците од А.Д. одзеле пиштол „застава М70“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка, куршум и лопата.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од полициската станица Кочани, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.