Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива

Во вечерните часови на 30 јули во Кочани бил усапсен 70-годишниот А.Д., кој со огнено оружје тешко повредил свој сограѓанин поради расправија за наводнување на нива.

Полицијата претходно добила пријава од Итната медицинска помош од Кочани дека околу 19:00 часот, на местото викано „Горно Подлошко“, во атарот на кочанското село Тркање, по расправија околу наводнување на нива, 70-годишникот со пиштол пукал кон 49-годишен сограѓанин.

Повредениот во болницата објаснил дека бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат. Тој се здобил со тешки повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

При апсењето, полицајците од А.Д. одзеле пиштол „застава М70“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од полициската станица Кочани, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестUnited Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom
Следна вестЦаровска најави санкции за фирмите кои ја злоупотребија државната помош