Колкумина во Владата се патриоти според мерилата на Пендаровски?

Време било да се редефинира патриотизмот во Македонија. Ова вчера го кажа претседателот Стево Пендаровски. Бара на сето тоа да се гледа во некоја модерна форма.

-Крајно време е да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата. Патриотизам е кога не ја злоупотребувате функцијата за лично богатење, кога квалификувани лица доаѓаат на чело на институциите. Патриотизам е кога оставате простор вашите политичките противници слободно да го кажат своето мислење, кога покажувате витешки однос кон оние со кои не се согласувате, патриоти се оние кои работат за подобри јавни услуги, подобро образование и здравство, патриотите не ја загадуваат животната средина, истакна Пендаровски во обраќањето пред пратениците.

Колкумина во Владата се патриоти според оваа интересна редефиниција на Пендаровски која е вредна за разгледување?

Ова прашање се наметнува и за сите други централни и општински функционери. Одговорот треба да си додат граѓаните, а да го кажат на избори.

ПС. Инаку, патриотизмот е и родољубие. Патриотизмот според многумина е и гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата.

Да не зборуваме дека има и ваква дефиниција за патриотизмот: Поединецот треба да ги стави интересите на државата и народот пред личните интереси или интересите на одредена група или партија.

Ова е тоа што ќе се редефинира?

 

Претходна вестАмериканската ФДА го одобри првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од опиоиди
Следна вестМажот кој беше заглавен 4 дена од снегот во викендичка во кавадаречко е спасен