Долги колони на возила од утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција. Гужвите на овој македонско – грчки граничен премин започнаа уште од вчера попладне кога практично започна продолжениот празничен викенд.
Меѓи бројните возила најзастапени се оние на македонски граѓани коишто решиле продолжениот викенд да го поминат во некое од летувалиштата во соседната земја.
Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ од утринава се гледа голема фреквенција и гужва. Освен тоа, може да се забележат и голема фреквенција на луѓе излезени од своите автомобили кои чекаат во редот за да поминат пасошка контрола, а на дел од кадрите се гледаат и некои луѓе со бебиња како се шетаат надвор додека нивните автомобили се заглавени во редот.