Комисија ќе ги преиспитува сите неправилности и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата

Министерството за одбрана информира дека формирана е Комисија со цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата.

-Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана ја информираме јавноста дека во Министерството за одбрана формирана е Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот. Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот, соопшти МО.

Претходна вестИЈЗ: Бројот на починати лица асоцирани со Ковид – 19 изнесува 10.000
Следна вестВандали демолирале пункт на „Паркови и зеленило“, уништиле вредни машини