Комисијата ќе разгледува можност за рестрикции за празниците, Филипче мисли дека не се потребни

Комисијата за заразни болести допрва ќе одлучува дали се потребни рестриктивните мерки за прeстојните празници, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на модуларната болница во Битола.

Но, во изјавата очигледен беше неговиот став кој повеќепати го кажал, дека поради тоа што сме во пикот д вториот бран, дополнителни рестрикции не би дале резултати.

-На еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти, рече Филипче.

Според него, и земјите што вовеле карантин и пoлициски час многу построги од нашите, по појавувањето на новиот бран, повторно не добиле резултати, и затоа суштината е во почитување на веќе важечките превентивни мерки.

 

Претходна вестВо многу помал број, но со ист декор и пораки: Протест за случајот „Монструм“ пред Владата
Следна вестДоаѓа викенд, носи дожд, а негде и снег