Комисијата предлага: Основците да се ослободат од носењето маски, наставниците ќе почекаат

Предлог учениците во основно образование да се ослободат од носењето на заштитни маски против корона вирусот, даде денеска Комисијата за заразни болести.

На прес конференција на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.

– Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, рече Петличковски.

Оваа мерка ќе биде предложена до Кризниот штаб и Владата која треба да донесе конечна одлука.

Барање за укинување на мерака подолг временски период истакнуваа и аргументирано образложуваа повеќе независни медицински експерти, но групи на родители кои укажуваа дека мерката кај децата е контрапродуктивна. Комисијата се до сега сметаше дека се уште не е време за вакво ослободување.

Претходна вестАвтомобил тешко повреди дете во Сарај
Следна вестКомуналните инспектори на Град Скопје со контроли на терен – изречени 4 казни