Комисијата препорача да не се носат веќе маски во затворено освен на неколку места

Комисијата за заразни болести препорача укинување на носење маските во затворен простор, со исклучок на здравствените објекти, јавниот превоз, старечките домови и аптеките.

Но, останува силна препорака за возрасните, хронично болните и лицата со имунокомпромитирачки болести.

Причина зошто останува обврската за носење маски во здравствените објекти, јавниот превоз, старечките домови и аптеките е што таму има голема можност за ширење и пренос на вирусот.

Ова препорака за неносење маски важи и за наставниот и другиот кадар во училиштата каде за учениците веќе не е задолжително носење на маските, а за средните училишта се уште е препорака која не е помината на Главниот кризен штаб и со тоа не е стигната ниту до Владата.

Комисијата на денешната седница одлучила да препорача и укинување на епидемиолошкото следењето на контактите од потврдени случаи и изолацијата од контакти. Останува изолацијата за заразените.

Денешните препораки, како што велат од Комисијата, се бидејќи проценката е дека епидемиолошката состојба се подобрува.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски рече дека ова не значи дека пандемијата е завршена и дека се работи на мерки за евентуално влошување на состојбата. Тој најави поинтензивна вакцинална кампања и ќе следуваат препораки и објаснувања на предностите на вакцините во следниот период.

Претходна вестДемократски сојуз: Владата да формира комисија за проверка на податоците од пописот
Следна вестТри починати лица и 195 нови заразени